• сабота, 06 јули 2024

Боксерот од Кичево, Беќир Лимани, продолжува со тренинзите

Боксерот од Кичево, Беќир Лимани, продолжува со тренинзите
Кичево , 14 мај 2020 (МИА) - Со дозвола на надлежните органи да започнат индивидуални спортски тренинзи, се разбира со однапред исполнети услови, државниот првак за кадети во бокс Беќир Лимани од Кичево е меѓу првите спортисти во оваа општина кој по подолго време поради коронавирусот, продолжи со зголемен интензитет со индивидуалните тренинзи. Неговата цел е да биде што е можно поподготвен за одбрана на титулата освоена минатата година на државното првенство за кадети што се одржа во Скопје, при што во финалето ја освои титулата државен шампион во бокс за кадети во категорија до 57 килограми. - Тренинзите ги одржувам според однапред работена програма од страна на моите тренери од БК „Шкендија но лимит" од Тетово, чиј член сум, вели младиот боксер Лимани, кој додаде дека врз основа на таа програма ќе продолжи да работи и во наредните денови, самостојно во родното Кичево. рз/зс/

Остани поврзан