Божиновска - Љатифи: Приоритетите на Министерството за енергетика и АД МЕПСО во насока на изградба на нова и модернизација на постојната електропреносна инфраструктура
- Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила работна средба со новиот генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи.
Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила работна средба со новиот генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи.
Како што соопштија од ова Министерство, на состанокот на кој учествувале и сите членови на новиот Управен одбор се разговарало за ревизија на работењето на Друштвото во изминатите години што како процес почнува веднаш.
-Раководството ја информираше министерката околу актуелните активности и околу подготовките за почеток на новите капитални проекти во наредниот период. Заеднички се констатирани приоритетите на Министерството и АД МЕПСО во насока на изградба на нова електропреносна инфраструктура, како и модернизација и зајакнување на постојната електропреносна мрежа, стои во соопштението. вг/вј/
Фото: Министерство за енергетика