• вторник, 13 јануари 2026

Богата програма за најмладите во Крива Паланка, завршува „Новогодишен базар 2025“

Богата програма за најмладите во Крива Паланка, завршува „Новогодишен базар 2025“

Крива Паланка, 31 декември 2025 (МИА) - Во пресрет на пречекот на Нова година, денеска на градскиот плоштад во Крива Паланка Општината организира богата новогодишна програма за најмладите и пристигнување на Дедо Мраз.

- Новогодишниот базар го носи најмагичниот ден во годината за најмладите жители на градот и за сите посетители. Во пресрет на Новата година, градскиот плоштад ќе се претвори во вистинска новогодишна бајка, ќе уживаме во прекрасните вокали на музикалните симитчиња, учесници на „Распеано симитче“, за забавата ќе биде задолжен ДЏ Боно, по што следува весело дефиле на омилените маскоти од омилените детски ликови од цртаните серии, а денот ќе го заокружи највозбудливиот момент, спектакуларно пристигнување на Дедо Мраз, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Оттаму повикаа сите граѓани и сите гости на градот да го посетат плоштадот и да доживеат лично искуство на, како што велат, бајковито пречекување на празниците како во Крива Паланка.

Синоќа публиката во Крива Паланка уживаше во одличен музички спектакл, настапот на Сара Мејс и „Девојките“ ( The Girls). ид/мд/


Фото: Општина Крива Паланка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан