• недела, 22 декември 2024

Бобан: Судиите се соочуваат со суровост на сите нивоа, ова мора да престане

Бобан: Судиите се соочуваат со суровост на сите нивоа, ова мора да престане

Нион, 17 септември 2023 (МИА) – Поранешниот хрватски фудбалер кој моментално работи во УЕФА како шеф на фудбалот, Звонимир Бобан повика на борба против суровоста кон судиите.

 

- Мојата грижа оди подалеку од фудбалот - треба да го решиме проблемот со насилството во спортот. На пример, судиите на сите нивоа на фудбалската хиерархија се соочуваат со насилство - од навивачи, играчи, тренери, па дури и родители. Ваквото однесување мора да престане.

Друг аспект е кога играчите врескаат, глумат и се преправаат дека се повредени, дури и ако немало физички контакт. Ова неспортско однесување е нашироко покриено на телевизија и често го имитираат децата. Ова создава сериозен проблем за судиите кои се чувствуваат принудени да престанат да играат дури и ако не гледаат контакт, изјави Бобан.

 

Тој предложи и скратување на преодниот рок.

- На стратешко ниво, треба да се размисли за скратување на преодниот рок - што ќе биде од корист и за тренерите и за играчите - како и за ограничување на бројот на тимови. Можеби звучи романтично, но не може да се дозволи комерцијалниот аспект на играта да доминира во спортскиот аспект, мора да се заштитат вистинските вредности на овој прекрасен спорт, смета хрватскиот функционер во УЕФА. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан