• понеделник, 23 декември 2024

Блинкен со благодарност до Чавошоглу за поддршката на Турција кон Украина

Блинкен со благодарност до Чавошоглу за поддршката на Турција кон Украина
Вашингтон, 28 февруари 2020 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, при што ја истакна осудата за однапред планираната, неиспровоцирана и незаконска инвазија врз Украина и се заблагодари за поддршката на Турција кон Киев. Во денешното соопштение од Стејт департментот се наведува дека Блинкен изразил задоволство од покажаната солидарност на партнерите и сојузниците во соочување со кризата. - Блинкен го изрази своето задоволство од континуираната имплементација на Коневенцијата од Монтре од страна на Турција и коментарите на министерот Чавушоглу околу ова прашање, изјави портпаролот Нед Прајс. Конвенцијата од Монтре го регулира преминот на бродовите низ теснеците Босфор и Дарданели. Според документот, Анкара има право да забранува транзит на воени бродови за време на војна и кога е соочена со воени закани. Секретарот се заблагодари на Турција за цврстата поддршка во одбраната на Украина и нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, се вели во соопштението. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан