• петок, 22 ноември 2024

Блинкен: Сакаме да се увериме дека Израел има се што му е потребно за да се бори против Хамас

Блинкен: Сакаме да се увериме дека Израел има се што му е потребно за да се бори против Хамас

Вашингтон, 10 декември 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја бранеше одлуката за итно одобрување на продажба на речиси 14 илјади парчиња противтенковска муниција на Израел без да помине низ Конгресот и повика на брзо одобрување на Конгресот за помош од 100 милијарди долари за Израел, Украина и „другите приоритети за национална безбедност“.

-Израел е во борба со Хамас во моментов. Сакаме да се увериме дека Израел го има она што му треба за да се одбрани од Хамас, рече Блинкен за време на телевизиските интервјуа за Си-Ен-Ен и Еј-Би-Си.

Блинкен, како што објави Тајмс оф Израел, нагласи дека тенковската муниција и поврзаната поддршка сочинуваат само мал дел од воената продажба на Израел, додека остатокот останува предмет на преглед на Конгресот.

Пентагон во петокот објави дека Стејт департментот одобрил потенцијална продажба на тенковска муниција на американската армија и поврзана опрема на Израел за околу 106,5 милиони долари. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан