• петок, 22 ноември 2024

Блинкен: Иран за неколку недели може да произведе нуклеарна бомба

Блинкен: Иран за неколку недели може да произведе нуклеарна бомба
Вашингтон, 1 февруари 2021 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за Ен-Би-Си Њуз (NBC NEWS) изјави дека администарцијата на Џо Бајден ќе се врати на Иранскиот нуклеарен договор под услов Техеран да се врати на своите обврски, а потоа ќе преговара за „подолготраен и посилен“ договор. Тој наведе дека Иран за неколку месеци може да развие доволно количество на нуклеарен материјал за производство на бомба, а потоа истакна дека се работи за „недели“ и оти Техеран продолжува да ги крши одредбите од Договорот од 2015 година. Иран почна да ги крши одредбите откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година ги повлече САД од Договорот. Блинкен истакна дека Вашингтон ќе разгледа и други теми што не беа предвидени во Договорот, вклучително и ослободување на американските државјани од иранските затвори. Претходно, Иран соопшти дека нема повторно да преговара за нуклеарен договор. Американскиот државен секретар во интервјуто истакна и за можни нови санкции кон Северна Кореја и кон Русија. ми/

Остани поврзан