• петок, 22 ноември 2024

Блејк Лајвли се пофали со својот стан во Њујорк

Блејк Лајвли се пофали со својот стан во Њујорк

Њујорк, 5 јануари 2024 (МИА) - Според нивниот животен стил, но и според блиските пријатели, американско-канадската двојка Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се „страствени“ љубители на времето минато дома. А, глумицата родена во Лос Анџелес одлучи да се пофали со својот рустикален стан во Њујорк.

Сместена во населбата Трибека во градот Њујорк, станбената зграда со седум ката, според наводите, е дом и на неколкумина други од елитата на славните во САД - Џастин Тимберлејк, Џенифер Лоренс, Мег Рајан и други. Луксузното здание има над 50 станови - секој со површина од 2.000 до 5.000 квадратни метри.

Блејк Лајвли својата нова мини-сесија ја објави на „Инстаграм“.  си/сд/

Фото: „Инстаграм“

Остани поврзан