• петок, 22 ноември 2024

Благодарници за вработените во Уставниот суд за успешно организирање на Меѓународна конференција по повод 60 години Уставен суд

Благодарници за вработените во Уставниот суд за успешно организирање на Меѓународна конференција по повод 60 години Уставен суд

Скопје, 1 април 2024

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска додели благодарници во знак на изразување почит за работата и учеството на вработените ангажирани за Меѓународната конференција по повод 60 години Уставен суд на Република Северна Македонија. 

Големиот јубилеј Судот го прослави на 15 март, беше одбележан со организирање конференција на која говореа дваесетина домашни и гости од европскиот регион и присутни околу 150 гости. Советниците беа активно ангажирани за комуникација  и информирање на претставниците на делегациите, координација на настанот со претставници на ОБСЕ, подготовка и спроведување на високи безбедносни мерки во координација со МВР, соработка со вработени во Собранието итн. 

Вработените од службата се заблагодарија на претседателката Добрила Кацарска со плакета која беше дадена како Признание, во знак на благодарност за поддршката и успешно менаџирање и организирање на Конференцијата.

 

Уставен суд

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан