• сабота, 23 ноември 2024

Бијонсе и Џеј Зи се закотвија со изнајмена јахта во Хрватска

Бијонсе и Џеј Зи се закотвија со изнајмена јахта во Хрватска

Лос Анџелес, 23 август 2022 (МИА) - Бијонсе и Џеј Зи вчера се закотвија во месноста Цавтат, Хрватска, со јахтата „Фејт“ (Faith) долга стотина метри. По Цавтат, тие продолжија кон Корчула.

Пловилото е меѓу 60-те најголеми јахти во светот денес. Вреди речиси 20 милиони долари, а изнајмувањето за седум дена чини околу 1,5 милиони долари. Сопственик на јахтата е Лоренс Строл - сосопственик на „Астон Мартин“ во Формула 1. Повеќекратно наградената моторна јахта од холандското бродоградилиште „Фидшип“ (Feadship) нуди флексибилно сместување за 12 гости во седум кабини и има внатрешен стил од британскиот дизајнер „Ар-даблју-ди“. Изграден во 2017 година, „Фејт“ е дизајнирана за престој од повеќе дена и може да се пофали со обемен внатрешен и надворешен простор на неколку палуби - идеални за пловење, одмор и забава. На луксузното пловило има хелиодром, пристап за ортопедски колички, кино, спа-просторија, лифт, подводни светла и бежбалница. Бијонсе и Џеј Зи повеќепати ја посетиле Хрватска заради патување и одмор.  си/

Остани поврзан