• петок, 22 ноември 2024

Битиќи: Следната влада на СДСМ ќе ја доведе државата до прагот на членство во ЕУ

Битиќи: Следната влада на СДСМ ќе ја доведе државата до прагот на членство во ЕУ

Скопје, 11 декември 2023 

Ние сме докажале дека имаме коалициски капациет, ние ќе го предводиме Европскиот фронт и знам дека на крај на денот Европскиот фронт ќе биде победник на следните избори, ќе ја формира следната влада, што ќе владее до 2028 година и ќе ја донесе државата до прагот на членство во ЕУ, а секако пред да победиме на парламентарни избори нашиот кандидат за претседатеслките избори ќе добие мандат за претседател на државата во наредните 5 години, истакна потрпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа, на телевизија 24.

Европскиот фронт е отворен за сите политики партии, кои се залагаат за вредностите кои се промовираат, иднината на оваа земја е европска, друга нема. Европскиот фронт е јасен и има јаен пат, нагласи Битиќи.

Битиќи, додаде дека не лицитира со бројки, за разлика од ДПМНЕ кои калкулираат со 61 пратеник, како што бараше и еден нивен претседател кој ја доведе државата до заробена, алудираше на таков начин на владеење да не биде уценуван од никого, ама да може да ги уценува и контролира сите, тоа е таков типичен начн на владеење на таа политичка партија.

Во врска со техничката влада и калкулациите на опозицијата за учество, Битиќи истакна дека СДСМ ќе го испочитува договорот од изборите од 2020 да последните 100 дена има техничката влада .

Техничката влада е законска обврска. Непочитувањето на законите е спротивно на вредностите на владеење на правото. Партија којашто работи спротивно од вредностите на демократијата, а тоа е владеењето на правото, не би требало воопшто да замисли да ја води следната влада, нагласи Битиќи, додавајќи дека доведувањето во прашање на законот односно дали ќе учествуваат во новата техничка влада е на штета на граѓаните и дека не е ништо освен калкулација на опозицијата за ситни политички поени.  

Битиќи изрази оптимизам за процесот на уставни измени.

Ако постои деловничка можност мислам дека најдобро е откако ќе биде изгласана техничката влада на 28 јануари, во ист дена да се стават на гласање и уставните измени, рече потрпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа, на телевизија 24.


СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

_______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан