• недела, 22 декември 2024

Битиќи: Поддршката за СДСМ значи поддршка за сопствената иднина, да го направиме најдоброто за нашата  општина,  за нашата држава

Битиќи: Поддршката за СДСМ значи поддршка за сопствената иднина, да го направиме најдоброто за нашата  општина,  за нашата држава
28 јуни 2021 
Денеска во рамките на теренските активности „Најдоброто за нашата општина“, Подпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи учествуваше на маалска средба со граѓаните од општина Јегуновце, заедно со градоначалникот на општина Јегуновце Дарко Блажевски, членката на Извршниот одбор на СДСМ Мелиса Ценовска Серафимоска и претседателот на ОО СДСМ Јегуновце Александар Стефановиќ.
Пред присутните граѓани потпретседателот Битиќи даде краток осврт на работата на СДСМ и Владата предводена од СДСМ во изминатиов период, за дадениот збор и реализираните проекти преку кои покажавме дека за СДСМ граѓанинот е на прво место.
Драго ми е што денеска сум тука со вас жителите на општина Јегуновце, што можам директно очи во очи да поразговарам со вас, да го кажеме она што сме го сработиле тука и да констатираме што треба да направиме во оваа општина да го постигнеме заедно најдоброто за Јегуновце.
Но, за да имаме право, да говориме за најдоброто за нашата општина, најдоброто за нашата држава мораме зад себе да имаме резултати, да имаме успеси на секое поле. СДСМ тоа го има!
Во овие четири години бележиме огромна разлика на унапредување и подобрување во секој сектор за разлика од оние единаесет години на расипничко владеење и богатење на поединци.
За четири години бележиме раст на минималната плата од над  6 илјади денари, раст на просечната плата од речиси 5 илјади денари.Ррастат платите  и во здравството, во образованието, во детската и социјална заштита, во секторот одбрана и полицијата. Паралелно со нив се зголемуваа и пензиите. За 300 отсто ја зголемивме социјалната помош а за четири години исплативме рекордни 430 милиони евра за финансиска поддршка за земјоделците. Ова почитувани е доказ дека СДСМ е партија на граѓаните и за граѓаните.
И пред вас можам слободно да зборувам, чесно и отворено бидејќи знаеме дека реализиравме низа проекти и во општина Јегуновце. Во патна инфра структура во оваа општина Владата на СДСМ вложи приближно еден милион евра за реконструкција на регионалниот пат Пршовце – Јегуновце, во должина од 5 км, регионален пат Шемшево – Лешок,исто така долг 5 км, регионален пат  Вратница - граничен премин Јажинце. За развој на локалната патна инфраструктура за периодот 2021-2024 обезбедивме над 650 илјади евра од грантот од Светска Банка.
Тој во продолжение додаде дека СДСМ не е партија која од граѓаните бара мандат за владеење, СДСМ ја бара поддршката на граѓаните за да го реализира она што тие ќе го наведат како нивна потреба. Заедно со граѓаните ја правиме најквалитетната кадрова и програмска понуда, заедно го правиме најдоброто за нашата општина, затоа СДСМ и граѓаните се победници и на престојните локални избори.
Со почит,
Центар за комуникации на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан