• сабота, 23 ноември 2024

Битиќи - Пирани: ИФЦ заинтересирана за поддршка на инвестиции во делот на енергетиката од обновливи извори

Битиќи - Пирани: ИФЦ заинтересирана за поддршка на инвестиции во делот на енергетиката од обновливи извори

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) е заинтересирана за поддршка на инвестиции во земјава во делот на енергетиката од обновливи извори, било истакнато на денешната средба на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи со Висар Пирани, нов офицер на ИФЦ како дел од Групацијата на Светска банка, надлежен за Косово и Северна Македонија.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, на средбата, која беше продолжение на состанокот кој вицепремиерот Битиќи пред неколку недели го имаше во Вашингтон со високи претставници на ИФЦ, Битиќи, ја искажа неговата благодарност за интересот на ИФЦ да го развие приватниот сектор во Северна Македонија, особено во делот на енергетиката од обновливи извори. Битиќи, се додава, ја истакна и важноста за приближување и на синџирот на набавки на европскиот континент наречен неаршоринг (near-shoring), што произлезе како голема потреба особено во Ковид периодот.

Висар Пирани, пак, се посочува, од негова страна ја искажа подготвеноста на ИФЦ да разговара за начините на соработка меѓу Владата на Северна Македонија и ИФЦ во делот на реализација на проекти кои се од интерес на нашата земја преку поддршка на приватниот сектор за подобрено снабдување со електрична енергија и олеснет пристап до финансии.

Пирани го информираше вицепремиерот Битиќи дека во јануари 2024 година, Светска банка ќе ја усвои новата стратегија, после што ќе се добие јасна слика за можностите за реализација на нови инвестиции, особено во делот на енергетиката од обновливи извори. вг/ев/

Фото: Влада

 

Остани поврзан