• четврток, 19 декември 2024

Битиќи задоволен од резултатите од индексот на „Репортери без граници“ за слободата на медиумите во светот

Битиќи задоволен од резултатите од индексот на „Репортери без граници“ за слободата на медиумите во светот

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) – Нашата обврска е да ги обезбедиме сите услови Северна Македонија да им се придружи на земјите во врвот според слободата на медиумите и изразувањето, порача вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, изразувајќи задоволство што Северна Макеоднија бележи подобрување на индексот на „Репортери без граници“ за слободата на медиумите во светот.

Министерот Битиќи преку својот фејсбук профил оцени дека слободата на медиумите е важен столб во функционалните демократски држави.

-За поздравување е прогресот со големи чекори кога од 92 место во 2020, прескокнавме 35 позиции и во 2022 година се најдовме на 57 на оваа листа. Уште позначаен е новиот скок кон врвот за 19 места за оваа година, со што нашата земја се постави на 38 место во последниот извештај на оваа организација за слободата на медиумите во светот. Ова евидентен прогрес во еден од столбовите на функционалните демократии – слободата на медиумите, е дефинитивен доказ дека е веќе далеку минатото кога државата беше на дното на овие листи, порача Битиќи.

Додаде дека потребно е создавање на систем во кој новинарите ќе имаат уште поголема слобода активно и критички да ја извршуваат својата професија.

-Оваа Влада останува на својата силна определба за нула толеранција за секој обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето, напиша министерот. свс/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан