• петок, 20 декември 2024

Битиќи: Во март со порастот на минималната, ќе има и линеарно зголемување на платите во јавниот сектор

Битиќи: Во март со порастот на минималната, ќе има и линеарно зголемување на платите во јавниот сектор

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - За минималната плата и пензиите имаме системско решение постигнато преку социјален дијалог, рече вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи велерва во гостувањето во „24 анализа“.
 
-За ова веќе ќе нема уценувања, ќе нема наддавања меѓу синдикати и работодавачи. Дефиниравме заедно методологија, критериумите за пораст се трошоците за живот, односно инфлацијата и порастот на просечната плата. Тоа е заедно усогласено системско решение. Системско е зашто беше одобрено од сите засегнати страни, односно синдикатите и работодавачите, кажа Битиќи.
 
Тој додаде дека во март освен што ќе има зголемување на минималната плата, во јавниот сектор ќе има усогласување на платите.
 
-Во март линеарно ќе биде зголемена платата во јавниот сектор за толку за колку што е зголемена минималната плата. Со Законот за административни службеници сите ќе бидат опфатени, рече Битиќи, додавајќи дека пари во буџетот веќе се обезбедени.са/

Остани поврзан