• недела, 22 декември 2024

Битиќи за предистражната постапка за избор на фирмата за надзор на „Бехтел и Енка“: Да не се компромитира процесот додека не се докаже спротивното

Битиќи за предистражната постапка за избор на фирмата за надзор на „Бехтел и Енка“: Да не се компромитира процесот додека не се докаже спротивното

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во врска со информациите дека е отворена предистражна постапка за изборот на конзорциумот што треба да врши надзор на градежните работи на Бехтел и Енка за изградба на автопатите, изјави дека не може да се компромитира еден процес додека не се докаже спротивното.   

Битиќи за ТВ 24 рече дека на секоја дојава јавното обвинителство треба да постапи соодветно и еднаш засекогаш да ги елиминира сите недостатоци и ако постапката била незаконски спроведена, да се понесе одговорност.

-Мора да се отргнеме од превеземот на колективизот и државата ако сака да направи исчекор да има лична одговорност. ЈО треба за сите други работи вака да постапува и ова е чекор нанапред, во кое довербата од граѓаните кон обвинителството и судството ќе почне да расте, рече вицепремиерот. 

Битиќи вели дека се зборува за предмет отворен за изборот со надзорот и дека не е поврзано со „Бехтел и Енка“, туку со друга компанија којашто била избрана.

-Не е дадено субвенција, туку е исплатена според договорот првата аванска исплата кон „Бехтел и Енка“. Сметам дека не може компромитира еден процес додека не се докаже спротивното и затоа мораме да се навикнеме, ние сме на исчекор на тоа што го посакуваме - отворање на поглавјата со ЕУ, и ние мораме да сватиме дека  пресумцијата на невиност е света. И затоа не гледам ништо лошо во отворање на предмет во предистражна постапка на јавното обвинителство, а ќе почекаме на крај да видиме дали процесот ќе биде компромитиран или не, рече Битиќи. ев/

Остани поврзан