• вторник, 17 декември 2024

Бирмингем може да се кандидира за домаќин на Олимпијадата во 2036 или 2040 година

Бирмингем може да се кандидира за домаќин на Олимпијадата во 2036 или 2040 година
Лондон, 9 август 2022 (МИА) - Бирмингем може да се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036 или 2040 година. Како што објави „Inside the Games“, во јули првиот човек на Британската олимписка асоцијација (НОК), Хју Робертсон, веќе разговарал на оваа тема со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах. Од 28 јули до 8 август 2022 година, Бирмингем беше домаќин на Игрите на Комонвелтот. Според Кети Садлер, извршен директор на натпреварот, претставниците на МОК кои го посетија градот во изминатите две недели биле импресионирани од нивото на организација на Бирмингем. - Мислам дека имавме големи очекувања [за Игрите на Комонвелтот] и тоа повеќе од оправдано. Мислам дека Бирмингем покажа дека може да биде домаќин на големи меѓународни натпревари на исто ниво како и многу други градови. Сега сме на пат да го продолжиме ова. Надоврзувајќи се на наследството од Игрите на Комонвелтот, треба да размислиме како би можеле да ги искористиме овие места и искуства за поголем меѓународен натпревар. Мислам дека Олимпијадата не би била нереална амбиција, изјави министерот за спорт на Велика Британија, Најџел Хадлстон, цитиран од „Press Association“. Претходно беше објавено и за можна апликација на Лондон за домаќин на Олимпијадата во 2036 година. зс/

Остани поврзан