• среда, 18 декември 2024

Бирд и Алварез американски знаменосци на Игрите во Токио

Бирд и Алварез американски знаменосци на Игрите во Токио
  Токио, 21 јули 2021 (МИА) – Членот на американската безбол репрезентација Еди Алварез и кошарката Сју Бирд ќе го носат американското знаме на отворањето на Олимписките игри во Токио, објави денеска Американскиот олимписки и параолиписки комитет. Бирд и Алварез беа избрани за знаменосци со мнозинство гласови од членовите на американскиот олимписки тим, кој за Игрите во Јапонија брои 613 спортисти. Бирд (40) е четирикратна олимписка победничка и ќе стане првата жена која ќе го носи американското знаме по Игрите во Атина 2004 и Давин Стенли, која е селектор на американскиот кошаркарски тим во Токио. Алварез е син на кубански доселеници во САД, а пред Игрите во Токио настапи на зимската Олимпијада во Сочи 2014, освојувајќи притоа сребрен медал во брзо лизгање на кратки патеки. ег/

Остани поврзан