• сабота, 29 јуни 2024

Бимилк почна со поделба на јуници за фармери кооперанти на млекарницата

Бимилк почна со поделба на јуници за фармери кооперанти на млекарницата

Битола, 13 март 2023 (МИА) - Битолската млекарница-Бимилк почна со достава на јуници наменети за фармерите кооперанти на млекарницата.

Инвестицијата започна со реализација од февруари, пристигнаа 164 од вкупно 496 набавени јуници, од нив, 98 се доставени до фармерите, а уште 66 ќе бидат доставени денес, соопштија од Бимилк.

Набавката на новите молзни грла е дел од инвестицијата од Бимилк во вредност од 1.2 милиони евра што компанијата ја прави заедно со своите кооперанти како поддршка на нивната одржливост. Целата инвестиција опфаќа набавка и поделба на 496 стелни јуници, 238 од расата Холштајн - Фризијан и 258 од расата Симентал - Флеквиe.

Бимилк учествува со субвенционирање на најголем дел од вредноста на грлата, а за остатокот овозможува бескаматен кредит со рок на отплата од 5 години.

Како што е познато во изминатиот период Битолска млекара за своите фармери донираше лактофризери како дел од двата роботи за измолзување, а освен во современа опрема и технологија поддршката е изразена и во форма на едукација на фармерите, поддршка при набавка на сточна храна, механизација и опрема, како и иницирање стимулативни мерки за развој на сточарството. мт/ац/

Фото: Бимилк

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан