• понеделник, 23 декември 2024

Били Ајлиш со нов албум, објавен на рециклиран винил

Били Ајлиш со нов албум, објавен на рециклиран винил

Лос Анџелес, 11 април 2024 (МИА) - Американската пејачка Били Ајлиш објави на Инстаграм дека нејзиниот нов, трет албум ќе носи наслов „Hit Me Hard And Soft“. Ќе биде издаден на 17 мај оваа година, во дигитални и ограничени физички верзии.

Според официјалната страница на Ајлиш, ова издание ќе биде објавено на осум различни винил-опции произведени „со најодржливите практики“ што се на располагање.

 „Стандардната црна варијанта е направена од 100 отсто рециклиран црн винил. Останатите седум обоени винили ќе бидат направени од ‘Еко-микс’ (ECO-MIX) или ‘биовинил’ (BioVinyl). Првата е создадена со помош на 100 отсто рециклирана мешавина направена од остатоци од секоја боја, што не може да се користи на друг начин. Овие парчиња се рециклираат и повторно се користат за да се направат нови дискови, така што секој диск ќе биде уникатен и ќе изгледа различен од другиот“, се вели во описот.

Инаку, „биовинилот“ помага во намалување на испуштањето јаглерод за 90 отсто во споредба со производтвото на првичниот винил.  си/сд/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан