• понеделник, 29 април 2024

Билиќ: Заслуживме три бода, можевме да победиме со 4:2

Билиќ: Заслуживме три бода, можевме да победиме со 4:2
Вест Бромвич, 26 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Вест Бромвич, Славен Билиќ го прокоментира ремито 3:3 со Челзи во премиерлигашот натпревар од 3. коло.
  • Добра игра. Шест гола. Навистина сум горд на начинот на кој игравме, како нападнавме во првото полувреме, како го принудивме противникот да игра, како трчавме, се браневме и ја задржавме концентрацијата.
Во второто полувреме знаевме дека противникот ќе тргне во напад. Сакавме да ги ограничиме на удари надвор од шеснаесетникот, но еден од нив доведе до гол. Не секогаш се случуваат работи какви што сакате. Челзи е одличен тим, но ние имавме добри моменти. Со малку среќа можевме да победиме со 4:2, но имавме разбирање дека во второто полувреме ќе мора да се браниме длабоко, и мислам дека бевме одлични, рече Билиќ. ВБА водеше со 3:0, но прими три гола во второто полувреме за конечни 3:3. зс/

Остани поврзан