• петок, 05 декември 2025

Бизнис форум за идните перспективи за соработка меѓу Северна Македонија и Тајван

Бизнис форум за идните перспективи за соработка меѓу Северна Македонија и Тајван

Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи бизнис форум „Идни перспективи за соработка меѓу Тајван и Северна Македонија – Заедно за успех, кон светот“ што го организираат Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија (БКСМ) и Претставништвото на Тајпеј во Италија.

Целта на форумот е да се поттикне и продлабочи економската, технолошката и институционалната соработка меѓу Северна Македонија и Тајван, а во фокусот ќе бидат идните можности за партнерства, со посебен акцент на дигиталната индустрија и развојот на стратегии за „Паметни градови“.

Најавено е обраќање на претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, амбасадорот Цаи од претставништвто на Тајпеј во Италија и директорот на Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони Гоце Димовски. 

На форумот ќе учествуваат и експерти од Тајван, меѓу кои Лин Чун-Хсиу, директор на Одделението за дигитална индустрија при Министерството за дигитални работи и Хуанг Чих-Јуан од Националниот централен универзитет, кои ќе ги презентираат најновите достигнувања во нивните области. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан