• сабота, 25 јули 2026

Бесплатен јавен Wi-Fi достапен во центарот на  Дебар и на Центар Жупа  

Бесплатен јавен Wi-Fi достапен во центарот на  Дебар и на Центар Жупа  

Дебар, 22 јули 2026 (МИА) - Жителите на Дебар и Центар Жупа, како и посетителите имаат достапен бесплатен и квалитетен пристап до интернет.

-Граѓаните и посетителите може да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi  во центарот на Дебар и на Центар Жупа. Wi - Fi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital, објавија двете општини. 

Додаваат дека целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Македонија и Западен Балкан а двете општини се е меѓу 500-те општини и градови во регионот кои ќе добијат WiFi4WB мрежа. 

Тоа, како што стои во објавата, е по примерот на програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на повеќе од 7.000 локации низ Европа.

Се нагласува дека со оваа поддршка, Општите Дебар и Центар Жупа продолжуваат да ги унапредуваат јавните услуги и да ја зајакнуваат дигиталната поврзаност на локалната заедница. вт/дма/

Фото: Општина Дебар/Општина Центар Жупа

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа