• петок, 26 јули 2024

Бесими - Џентилони: Со преговарачката рамка реформите добиваат позабрзана динамика

Бесими - Џентилони: Со преговарачката рамка реформите добиваат позабрзана динамика
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Република Северна Македонија не отстапува од реформите што водат кон целосна интеграција во ЕУ и кои сега добиваат позабрзана динамика со отворање на преговарачкиот процес. Со ЕК заедно, се утврдуваат приоритетите во Програмата за економски реформи, беше речено на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со еврокомесарот за економија Паоло Џентилони во Брисел. Тема беа реформите што се утврдени како приоритети во Програмата за економски реформи 2022-2024. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), клучните области кои се идентификувани во Програмата се однесуваат на подобрување на квалитетот на образовниот систем, конкурентноста на домашните компании и нивно вклучување во глобални вредносни синџири, формализација на нефомалната економија и зелената транзиција Идентификуваните области во ПЕР се совпаѓаат со оние нотирани и во Извештајот на ЕК, а целта е обезбедување инклузивен и одржлив економски раст на среден рок. Програмата за економски реформи содржи макроекономски и фискални политики и индикатори, структурни реформи и мерки за подобрување на конкурентноста на земјата и намалување на невработеноста. Се подготвува секоја година и со неа се врши претпристапно усогласување на економските политики со ЕУ. Mинистерот посочи дека и покрај сите предизвици, 2022 година ќе биде запамтена и како година на постигнување уште една пресвртница во нашиот процес на пристапување во ЕУ. Со усвојувањето на Преговарачката рамка, одржувањето на Првата меѓувладина конференција и отворањето на скринигот се отвора патот за следните фази од процесот. Во тој процес Министерството за финансии е водечка институција за 8 поглавја и е вклучена во 4 кластери, од вкупно 6 кластери. Според МФ, на средбата стана збор и за влијанието на енергетската и ценовната криза врз домашната економија и мерките што ги презема земјава за заштита на стандардот на населението и економијата. Министерот Бесими потенцира дека е значајна поддршката за спроведување на тие политики и од ЕУ преку МФА на ЕК, инструмент за макрофинансиска поддршка за мерките за справување со екстерни шокови, a која земјава ја користеше и за време на ковид-кризата. Од страна на еврокомесарот Паоло Џентилони беше искажана поддршка и заложба за продолжување на активностите во насока на одобрување на МФА - инструментот, како резултат на успешните политики што ги води Владата на РС Македонија. мч/дма/

Остани поврзан