• понеделник, 23 декември 2024

Бесими: Средствата од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки

Бесими: Средствата  од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) -  Средствата  од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими. 

Законот за данок на солидарност, како што рече вечерва во гостување на ТВ 24, е објавен во Службен весник заедно со Правилникот, а од УЈП има известување на нивната веб страница.

- Има соодветно известување и тоа треба да се спроведе. Законската обврска е јасна. Пролонгиран е рокот за доставување на обрасците за седум дена. Законот се однесува на посебен данок и е надвор од даночниот систем, еднократен е и различен од другите давачки кај нас, односно се одредува дека средствата што ќе се соберат од оваа јавна давачка ќе одат само за програма П1 што е во Буџетот за антикризни мерки. Се утврдува точно методологијата на пресметка и не се основа со даночната пријава, туку е посебен документ, појасни Бесими.

Повтори дека ќе има антикризни мерки и оти еден дел се 100 милиони евра од ЕИБ, а за 50 милиони евра во ноември ќе одлучува Банката за развој на Советот на Европа.

Министерот најави дека задутре ќе се објави прв проспект за прва зелена еврообврзница во вредност од 10 милиони евра.

- Ќе има зелена обврзница која е во фондот за енергетска ефикасност, во среда ќе се објави проспектот. Наредната недела ќе има аукција за дополнителнни 10 милиони евра за енергетска ефикасност за мали и средни претпријатија. Дополнителни 600 милиони денари даваме за домашни компании за договори што се потпишани во Владата за инвестиции, како и дополнителни 200 милиони денари за странски фирми што инвестираат кај нас и 300 милиони денари во ТИРЗ, најави министерот за финансии.лв/фф/

 

Остани поврзан