Бесими за иницијативата на Мицкоски за национално единство: Да нудиме позитивна клима во политичката дебата и да овозможиме соживот
- Ние, политичките партии да нудиме позитивна клима во дискусиите во политичката дебата и да овозможиме соживот, истакна шефот на Централниот изборен штаб на „Европскиот фронт“ и министер за финансии Фатмир Бесими коментирајќи ја вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид дека презема иницијатива за создавање национално единство.
Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Ние, политичките партии да нудиме позитивна клима во дискусиите во политичката дебата и да овозможиме соживот, истакна шефот на Централниот изборен штаб на „Европскиот фронт“ и министер за финансии Фатмир Бесими коментирајќи ја вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид дека презема иницијатива за создавање национално единство.
-Апелираме кампањата да биде демократска. Кампања која промовира вредности. Кампања која дава еднакви можности и го изнесува најдоброто што го има нашата земја и најдоброто е понудата за Европа во 2030 година. Секој граѓанин заслужува почитување. Секој си има свое достоинство. Основните човекови права на меѓународно ниво се гарантирани во рамките на Обединетите нации. Ние како земја-членка на Обединетите нации, земја која ги има изгласано сите резолуции. Основните човекови права се достоинството на граѓаните, рече Бесими.
Бесими нагласи дека „Европскиот фронт“ промовира целосна еднаквост и посочи оти граѓанин го почитуваат како еднаков, секој има еднакви можности и секој заслужува подобра иднина. Посочи дека „Европскиот фронт“ е коалиција која ги надминува етничките граници, коалиција која соединува и обединува и коалиција која гарантира побезбедно и подобро утре.фф/са/
Фото: МИА