• петок, 08 ноември 2024

Беса Даути именувана за нова директорка на Уметничка галерија - Тетово

Беса Даути именувана за нова директорка на Уметничка галерија - Тетово

Тетово, 21 февруари 2024 (МИА) - Со одлука на Министерството за култура за директор на Национална установа Уметничка галерија - Тетово од денес ќе биде Беса Даути, информираа од тетовската установа. Даути е неколку години вработена во Уметничката галерија во Тетово, како ликовен кустос, а по професија е академски сликар.

- Беса Даути студирала сликарство на Академијата за уметности во Тетово. Работи како академски сликар и ликовен кустос во Уметничката галерија Тетово. Искуството, длабоките познавања на културно-образовна формација на Беса Даути ќе го инспирира и тимот на Галеријата и нашите уметници, посетители и љубители на уметноста, што ќе донесе сериозна посветеност на континуираниот развој на установата, се вели во соопштението на Уметничка галерија.

Беса Даути доаѓа на местото на досегашната директорка, Арбенита Мета, која ја раководеше установата од октомври 2023 година. ас/мд/

фото: Уметничка галерија Тетово
 

 
 

 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан