• недела, 24 ноември 2024

Беса ги објави имињата за кандидати за членови во новата Влада

Беса ги објави имињата за кандидати за членови во новата Влада

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - Собранието на Движењето Беса денеска на состанок едногласно ги избрало кандидатите за членови во новата Влада, кои треба да бидат избрани во Парламентот.

-Собранието на Движењето Беса одлучи Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик-министер за култура и туризам, соопшти партијата на Биљал Касами која е дел од коалицијата „Вреди“.

Во соопштението од Беса наведуваат дека на состанокот се разговарало за приоритетите и заложбите на партиските кадри во идната влада при што едногласно било утврдено дека „партиските претставници во Собранието и во извршната власт без компромис ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма - борбата против криминалот и корупцијата, реализација и имплементација на условитe за интеграција на земјата во Европската Унија и економски развој на државата“. хс/са/

Фото: Движење Беса 

 

 

Остани поврзан