• петок, 05 декември 2025

Бернардески казнет со 40 илјади евра, на неговата плажа пронајдени се 11 илегални работници

Бернардески казнет со 40 илјади евра, на неговата плажа пронајдени се 11 илегални работници
Рим, 4 септември 2021 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески е казнет од италијанските власти. На плажата „Амаре Холи“, која се наоѓа во одморалиштето Марина ди Карара и е во сопственост на Италијанецот, пронајдени се 11 илегални работници. Според „La Nazione“, играчот е казнет со 40 илјади евра за овој прекршок. Плажата сега е суспендирана и затворена. Вкупно 16 луѓе работеа на плажа, а само пет од нив ги имаа сите потребни документи. Според весникот, 11 илегални имигранти работеле како келнери, бармени и мијачи на садови. зс/

Остани поврзан