• вторник, 05 ноември 2024

Бериша го поздрави одобрувањето на францускиот предлог нарекувајќи ја храбра и историска одлука

Бериша го поздрави одобрувањето на францускиот предлог нарекувајќи ја храбра и историска одлука
Тирана, 16 јули 2022 (МИА) - Демократската партија на Албанија упати честитки до Собранието на Северна Македонија по прифаќањето на францускиот предлог, нарекувајќи го чин на храбра и историска одлука. - Почитувани пријатели, Собранието на Северна Македонија го одобри предлогот на Франција кој го отвора патот за отворање на преговорите меѓу Албанија и Северна Македонија со Европската Унија. Демократската партија му честита на Собранието на Северна Македонија и ја поздравува храбрата и историска одлука што ја донесе денеска, која го отвора патот на преговорите со ЕУ за двете наши земји, стои во објавата на лидерот Сали Бериша, поранешен претседател и експремиер на Албанија. Според него отворањето на преговорите за Албанија со ЕУ, блокирани 6 години, а откако беа одложувани 5 пати, поради неисполнување на условите од владата на Рама, минатата година и поради бугарското блокирање на Северна Македонија, Демократската партија го смета за развој на настани главно поврзан со благородната желба на ЕУ и нејзините земји-членки да ја гарантираат европската перспектива на земјите од Западен Балкан, и покрај тоа што, како што е "санкционирано од Резолуцијата на Европскиот парламент, Албанија има големи проблеми со стандардите, условите и критериумите на ЕУ". - Во оваа прилика, ПД им гарантира на Албанците и на ЕУ, на Европската комисија и на земјите членки на ЕУ дека ќе ги поддржи, а утре на власт ќе го преземе и одобри секој закон, акт и одлука за исполнување, поглавје по глава, на барањата од преговорите со ЕУ и да стане реалност членството на Албанија во ЕУ, како најдобра иднина за Албанија и Албанците, наведува Бериша во објавата. вт/сх/

Остани поврзан