„Бентли“ велосипед-количка за деца, која чини 460 евра
- Производителот ја опишува како комбинација на „елеганција, функционалност и високо прилагодлив дизајн“. Количката е достапна во боите од палетата „Бентли“ и е наменета за деца на возраст од н
Лондон, 10 март 2021 (МИА) - Автопроизводителот „Бентли“ е познат по луксузните и скапи автомобили, но неговиот „најнов модел“ чини само 550 американски долари (околу 462 евра)...
Се работи за возило со три тркала и всушност претставува количка за деца, наречена „Бентли Трајк“. Производителот ја опишува како комбинација на „елеганција, функционалност и високо прилагодлив дизајн“. Количката е достапна во боите од палетата „Бентли“ и е наменета за деца на возраст од најмалку една година.
Седиштето може да се ротира за 180 степени со само едно притискање на копче, а како што расте детето, потпирачите за нозе може да се прилагодат и на крајот - целосно да се отстранат. Потоа е овозможен пристап до педалите, така што изумот има функција и на количка и велосипед. Исто така, има можност и да се отстрани потпирачот за грб, како и преклопниот заштитен капак, шипката и ремените.
Во зависност од возраста на детето, количката може да се преобрази во шест облици.
Инаку, велосипедот е доста безбеден благодарение на задните сопирачки, безбедносните ремени со пет точки, браници за кал, нелизгачки педали и слични подробности. си/сд/