• сабота, 23 ноември 2024

Бени Андерсон од „АББА“ го навести конечното распуштање на групата

Бени Андерсон од „АББА“ го навести конечното распуштање на групата
Стокхолм, 28 октомври 2021 (МИА)И покрај новиот албум и турнеја, поп-групата „АББА“ објавија дека се распуштаат. Но, тоа по виртуелниот настап со свои т.н. „Абатари“ и другите планирани настапи. - Тоа е тоа! Ова, второ распуштање, е различно од она во 1982 година. Тогаш одамна не реков дека „АББА“ никогаш повеќе нема да се повтори. Но сега можам да ви кажам: Овој пат е дефинитивно крајот!, изјави за „Гардијан“ познатиот член на бендот Бени Андерсон (74). Сепак, светот има уште на што да очекува бидејќи нивниот нов албум со 10 песни, „Voyage“ (Патување), ќе биде објавен на 5 ноември, а во продажба се и билетите за турнејата со истото име, закажана за 2022 година.  Песната „Don’t Shut Me Down“ е веќе преслушана над 25 милиони пати на Спотифај, а „I Still Have Faith in You“ - повеќе од 15 милиони пати. Светските хитови, пак, како „Dancing Queen“, „Gimme!“ и „Mamma Mia“ сега имаат деветцифрен број на преслушувања на стрим-платформите.  си/сд/

Остани поврзан