Белорусија почна големи воени вежби во близина на Полска, Украина и Русија
- Белорусија почна големи воени маневри во два нејзини јужни региони - Брестка, која граничи со Полска и Украина и Гомелска, која граничи со Русија и Украина, јави ДПА.
Минск, 21 јуни 2024 (МИА) - Белорусија почна големи воени маневри во два нејзини јужни региони - Брестка, која граничи со Полска и Украина и Гомелска, која граничи со Русија и Украина, јави ДПА.
Министерството за одбрана во Минск не даде информации за бројот на мобилизирани војници и опрема, но соопшти дека се вклучени оперативни командни единици, специјални сили, ракетни трупи, артилерија, авијација и противвоздушна одбрана.
Во првиот дел од вежбите војниците ќе бидат распоредени на полигони и ќе ги зајакнат позициите, а потоа ќе започнат и вистинските борбени вежби.
Локациите на вежбите беа посочени во регионите Брестка и Гомелска, кои граничат со Украина од север.
На почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година, некои од нејзините сили нападнаа од Белорусија. Москва исто така располага и со тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. рп/
Фото: МИА архива