• сабота, 23 ноември 2024

Белкиса Зеќири:Наместо да повика на вакцинација, Мицкоски поттикнува кршење на мерките 

Белкиса Зеќири:Наместо да повика на вакцинација, Мицкоски поттикнува кршење на мерките 
Скопје, 18 август 2021 Почитувани граѓани, почитувани новинари, Партијата на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, застана зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и се противат на масовната имунизација против коронавирусот. Наместо да повикаат на масовна вакцинација како најбрз начин за надминување на пандемијата, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваат и поддржуваат протести против мерките за заштита од коронавирусот. За време на целата пандемија, Христијан Мицкоски ниту еднаш не повика на почитување на мерките за заштита, ниту еднаш не повика граѓаните да се вакцинираат, ниту еднаш не изрази поддршка за здравствените работници. Во целиот свет, одговорните политичари кои што им мислат добро на граѓаните, поттикнуваат на масовна вакцинација, објавуваат фотографии од моментот на вакцинацијата токму заради тоа. Само од Мицкоски нема такво нешто. Јавноста не знае дали е вакциниран Ако има и минимум одговорност, Мицкоски треба да излезе и да повика на масовна вакцинација, да повика на почитување на мерките, наместо да поддржува протести со кои се наштетува на здравствениот систем и се напаѓаат здравствени работници. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на дезинформациите и деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се на штета на јавното здравје. Ги повикуваме сите граѓани кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа побрзо во најблискиот вакцинален пункт и да го направат најдобриот можен чекор за да го заштитат своето и јавното здравје. Со што повеќе вакцинирани, до помалку хоспитализирани и помалку рестрикции. Само на тој начин ќе ставиме крај на пандемијата со коронавирусот. Прес-конференција на СДСМ, Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ Центар за комуникации со јавноста - СДСМ

________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан