Белингем пред реваншот со Арсенал: Најповторуваниот збор во соблекувалната е пресврт
- Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, е уверен дека тимот има сили да ја надополни негативата од три гола и да го елиминира Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Шпанскиот гигант загуби со 0-3 на првиот меч во Лондон пред една недела, но фудбалерите на Реал се решени да направат се што е во нивна моќ за да ги елиминираат лондончани пред своите навивачи на „Бернабеу“ утре вечер

Мадрид, 15 април 2025 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, е уверен дека тимот има сили да ја надополни негативата од три гола и да го елиминира Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Шпанскиот гигант загуби со 0-3 на првиот меч во Лондон пред една недела, но фудбалерите на Реал се решени да направат се што е во нивна моќ за да ги елиминираат лондончани пред своите навивачи на „Бернабеу“ утре вечер.
-Секогаш има неверојатна атмосфера на „Бернабеу“, енергијата е заразна. Можеме да ја почувствуваме, тоа го вади најдоброто од нас. Не треба да бараме од навивачите на Реал Мадрид да направат нешто што досега не го направиле. Од нас зависи, исто така треба да ја почувствуваме нивната енергија и да дадеме се од себе за да ги направиме горди. Најповторуваниот збор во соблекувалната е пресврт. Го слушнав милион пати во последната недела. Тоа многу нè мотивира. Тоа е ноќ специјално создадена за Реал Мадрид. Мислам дека не можеме да додадеме ништо посебно на тоа, рече Белингам на прес-конференцијата пред натпреварот, кој е на програмата утре од 21 часот. дс
Фото: Архива