• понеделник, 23 декември 2024

Белерин ќе потпише договор со Барса на една година

Белерин ќе потпише договор со Барса на една година
Барселона, 1 септември 2022 (МИА) - Фудбалерот на Арсенал, Хектор Белерин ќе се пресели во Барселона. Во следните неколку часа играчот ќе потпише договор за период од една година без опција за продолжување, тврди Фабрицио Романо. Клубот веќе закажа лекарски преглед за фудбалерот. Белерин ќе се пресели во Барса бесплатно по раскинувањето на договорот со Арсенал. Според новинарот на „Relevo“, Тони Хуанмарти, лондонскиот клуб ќе добие 25% од понатамошната препродажба на играчот, а може да има и одредени бонуси за „топчиите“ врз основа на перформансите на дефанзивецот. Белерин е „дете“ на Барса. За Арсенал игра од 2013 година, а сезоната 2021/22 ја мина во Бетис, во чиј систем беше и на младинско ниво. зс/

Остани поврзан