• понеделник, 23 декември 2024

Белгиец кој се врати од Вухан заразен со коронавирус

Белгиец кој се врати од Вухан заразен со коронавирус
Брисел, 4 февруари 2020 (МИА) - Белгиец, еден од деветтемина кои пред два дена се евакуирани од кинескиот град Вухан, е позитивен на коронавирус, соопшти денеска белгиската здравствена агенција. Сите деветмина белгиски државјани ги поминале анализите во Воената болница во Брисел. Кај осуммина од нив тестовите се негативни. Од епидемијата на коронавирус во Кина починаа 425 лица, а над 20.000 се заразени. Случаи на коронавирус се регистрирани во повеќе од 25 земји, а покрај Кина, најмногу има во Јапонија (20), Тајланд (19) и Сингапур (18). паг/

Остани поврзан