• недела, 22 декември 2024

Бела куќа: Нема планови за испраќање американски војници во Израел

Бела куќа: Нема планови за испраќање американски војници во Израел

Вашингтон, 12 октомври 2023 (МИА) - Нема планови за испраќање американски војници на терен во Израел, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност.

- Нема намера или план да се стават американски војници на терен во Израел - нема израелска желба за тој исход, појасни претставникот на Белата куќа.

- Израелците многу јасно ставија до знаење дека не сакаат странски војници на своја територија, дека сакаат самите да ги обработат овие операции и имаат целосно право да го сакаат тоа, додаде тој.

Кирби повтори дека прв приоритет на американскиот претседател Џо Бајден е безбедноста на Американците во странство, „како и нашите национални безбедносни интереси, а имаме и национални безбедносни интереси низ целиот регион“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан