• недела, 22 декември 2024

Бела куќа бара поддршка за Киев: На Украина и снемува муниција, се повлекува од Донбас

Бела куќа бара поддршка за Киев: На Украина и снемува муниција, се повлекува од Донбас

Вашингтон, 18 март 2024 (МИА) - Вооружените сили на Украина се повлекуваат од Донбас поради недостиг на муниција, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност при Белата куќа.

„Им снема муниција во Донбас, а сега се повлекуваат -- кон втората и третата линија на одбраната. Русија продолжува да напредува кон запад. Ним им треба нашата поддршка и им треба сега“, изјави Кирби за Еј-Би-Си Њуз.

Покрај тоа, тој истакна дека САД се загрижени за намалувањето на сопствените резерви на оружје поради испораката на воена помош за Украина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан