• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бела куќа: Американските царини за Кина изнесуваат 145 отсто

Бела куќа: Американските царини за Кина изнесуваат 145 отсто

Вашингтон, 10 април 2025 (МИА) - Царините што САД во моментов ги применуваат за кинеските производи ќе изнесуваат вкупно 145 отсто, потврди Белата куќа.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави зголемување на тарифите на 125 отсто, но сега е појаснето дека оваа сума не ја вклучува веќе постоечката тарифа од 20 отсто.

Ова значи дека вкупната стапка на давачки е значително повисока отколку што се мислеше претходно. ссм/

фото: архива

Остани поврзан