• петок, 05 декември 2025

Бела куќа: Сè уште нема одлука за царини на странски филмови

Бела куќа: Сè уште нема одлука за царини на странски филмови

Вашингтон, 5 мај 2025 (МИА) - Белата куќа денеска соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука за воведување нови царини на странски филмови.

Портпаролот Куш Десај изјави дека администрацијата ги разгледува сите опции за исполнување на директивата на претседателот Доналд Трамп „да се направи Холивуд повторно голем“, пренесе Си-Ен-Ен.

Трамп претходно најави дека ќе воведе 100 отсто царина на филмови произведени надвор од САД. Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, доцна синоќа, тој изјави дека го задолжил Министерството за трговија веднаш да почне постапка за воведување такви царини. ссм/

фото: архива

Остани поврзан