Белата куќа одговори на одлуката на Русија да ги стави нуклеарните сили во боева готовност
- Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави нуклеарните сили на Русија во боева готовност е како дел од поширокиот шаблон на неиспровоцирана ескалација и „производство на закан
Вашингтон, 27 февруари 2020 (МИА) - Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави нуклеарните сили на Русија во боева готовност е како дел од поширокиот шаблон на неиспровоцирана ескалација и „производство на закани“ од Кремљ, изјавија денеска од Белата куќа.
- Ова навистина е шаблон што го гледаме од претседателот Путин во текот на овој конфликт, а тоа се производство на закани кои не постојат за да се оправда понатамошна агресија и меѓународната заедница и американскиот народ треба да гледаат на ова преку таа призма, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, во интервју за „Еј-би-си“.
„Ние се спротивставуваме на тоа и имаме капацитет да се одбраниме, и да повикаме гласно за тоа што Путин го прави“, додаде таа.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Псаки изјави дека САД се подготвени да испратат повеќе хуманитарна, економска и одбранбена поддршка за Украина во нејзиниот отпор против тековната инвазија на руски воени сили во земјата.
- Би сакала да истакнам дека санкциите што ги објавивме вчера ја ставаат Русија во исто друштво со Иран, отсекувајќи ја од банкарскиот систем на глобалната заедница, изјави Псаки. кб/паг/