• среда, 25 декември 2024

Бектеши со честитка за 8-ми Март: Секојдневно да дејствуваме против родовата стереотипизација

Бектеши со честитка за 8-ми Март:  Секојдневно да дејствуваме против родовата стереотипизација
Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши упати честитка по повод 8-ми Март - Меѓународниот ден на жените. Тој во честитката објавена преку социјалните мрежи потенцира дека треба секојдневно да дејствуваме против родовата стереотипизација.
 
- Родовата еднаквост е предуслов за слободно, развиено, демократско, праведно и отворено општество. 8-ми Март е Меѓународен ден на жената преку кој се одбележува борбата за политичка, економска и социјална рамноправност меѓу жените и мажите. За да го испочитуваме овој меѓународен празник треба секојдневно да дејствуваме против родовата стереотипизација. Чест ми е денеска да кажам што во Министерството за економија со кое што јас раководам, поголем дел односно 65  проценти од вкупниот број на вработени се жени, посочува Бектеши.
 
Тој посочува дека во Министерството за економија има родова еднаквост и родова рамноправност.
 
-Во рамки на организациските единици во Министерството за економија вкупно 66 проценти од раководните позиции во кои спаѓаат државни советници, раководители на сектори, раководители на оделенија се жени. Жената е столб на семејството, но истовремено и суштински дел од политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот во Република Северна Македонија. Сакам на сите жени во Република Северна Македонија да им ги честитам успесите кои секојдневно се пресликуваат врз македонското општество. Активностите и делата на жената треба да се слават, не само денеска, туку во текот на целата година, вели Бектеши во честитката. фф/бак/
 
Фото: Фејсбук на Крешник Бектеши

Остани поврзан