• понеделник, 23 декември 2024

Бекироски: Не знам зашто немало претставка до Агенцијата за лекови да види што може да направи на Онкологија

Бекироски: Не знам зашто немало претставка до Агенцијата за лекови да види што може да направи на Онкологија

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Во делот на Клиниката за онкологија, ние немаме законска надлежност директно, дали по слушнат глас или нешто слично, да отидеме директно до клиниката, еве пример, за последниот случај, претходно доколку имаме претставка, од клиниката, од пратеник, од кој било, архивиран кај нас поднесен кај нас, тогаш е наша должност. Но, вака, согласно и законот, согласно и законот за инспекциски совет, ние правиме редовни надзори и вонредни, но, само над овие согласно закон пропишани, правни лица и така натаму. Не знам зашто немало претставка до Агенцијата за лекови да постапи и да види што може да направи согласно своите надлежности во Клиниката за онкологија.

Ова го изјави денеска заменик - директорот на „МАЛМЕД“, Роберт Бекироски на собраниската Анкетна комисија за случајот на Клиниката за онкологија.

Претходно, тој рече дека во делот на злоупотребите, тие како „МАЛМЕД“, согласно нивните надлежности, согласно Законот за лекови, немаат надлежност над клиниките, здравствените установи и така натаму.

- Ние како „МАЛМЕД“, ќе потенцирам да не се разбереме погрешно, доколку имало одредена претставка, од страна на клиника, од страна на пациент, за нерегуларности и согласно нашите надлежности, ние да може да постапиме, тогаш тоа сме го правеле. Ние сме оделе дури и во координирани надзори, сме имале барање од Министерството за внатрешни работи, од Царинската управа, заедно сме правеле координирани надзори, сѐ со цел да обезбедиме квалитетни и безбедни лекови за граѓаните и да се бориме против тоа што сите треба да се бориме, истакна Бекироски, кој бил и директор на оваа агенција од август 2017 до октомври 2018 година.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски праша какви се нивните деловни односи во рамките на надлежностите со веледрогеријата „Пановски“ и дали имале некакви проблеми во „работењето или во надлежноста на спроведување инспекции и увоз на лекови со оваа веледрогерија“.

Бекироски одговори дека како институција, должни се да ги почитуваат сите веледрогерии.

Милошоски смета дека станува збор за „најсилната веледрогерија што ги добива најголемите тендери и има повластена позиција“, особена била на „повластена позиција на Клиниката за онкологија“.

Одлука за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести. бд/нд/

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Остани поврзан