• недела, 22 декември 2024

Без струја дел од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Без струја дел од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Скопје, 26 април 2024 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Кожле, Тунел Катланово и селото Бадар во Општина Петровец.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „52“ кон обиколница во Стопански Двор во Општина Ѓорче Петвов.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот  без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Сарај кај општината во Општина Сарај.фф/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан