• недела, 05 мај 2024

Без струја делови од Чучер Сандево, Петровец и Аеродром

Без струја делови од Чучер Сандево, Петровец и Аеродром

Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат повеќе места во Општина Чучер Сандево, Петровец и Аеродром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Град Скопје, без електрична енергија во Чучер Сандево од 9 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Кучевиште, Мирковци, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино.

Во Петровец од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од цело населено место Катланово, Катлановска Бања, сите индустриски објекти на автопат Скопје-Велес во близина на Катланово, Брезница, Градманци, Летевци.

Во Општина Аеродром, од 9 до 15 часот, струја ќе немаат корисниците од улица 2 и околу Трафостаница во село Долно Лисиче. ар/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан