• недела, 07 јули 2024

Без вода ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и објекти во непосредна близина

Без вода ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и објекти во непосредна близина

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Поради  уличен дефект на бул. „Илинден“ бб прекинато водоснабдување изутрина од 09:30 часот ќе имаат ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје и неколку објекти во непосредна близина, најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Прекинато водоснабдување од 09.30 часот ќе имаат и корисници на дел од ул. „Атинска“, исто така поради санација на дефект.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санацијата. 

Остани поврзан