Без вода утре дел од улицата „Маџир Маало“
- Корисниците на дел од улицата ќе имаат прекинато водоснабдување од девет часот.
Скопје, 20 август 2025 (МИА) - Дел од улицата „Маџир Маало“ ќе остане без вода за пиење во текот на утрешниот ден, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Поради изведување водоводен приклучок, како што појаснуваат, корисниците на дел од улицата ќе имаат прекинато водоснабдување од девет часот. бд/дма/
Фото: МИА архива