Без вода ул. „Жванска“ и дел од „Св. Наум Охридски“
- Со прекинато водоснабдување од 10 часот претпладнево се корисниците од улица „Жванска“ и дел од „Св. Наум Охридски“, информира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Скопје, 24 август 2024 (МИА) - Со прекинато водоснабдување од 10 часот претпладнево се корисниците од улица „Жванска“ и дел од „Св. Наум Охридски“, информира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на водоводна цевка Ф1 на ул.„Жванска 1“, а ќе трае до завршување на работните активности.лв/
фото: МИА архива