• петок, 05 декември 2025

Без вода улиците „Коце Металец“, „Душан Ташковиќ“ и „Филип Филиповиќ“ во Железара

Без вода улиците „Коце Металец“, „Душан Ташковиќ“ и „Филип Филиповиќ“ во Железара

Скопје, 29 јули 2025 (МИА) - Поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата „Тајмишка“ - „Зеничка“ во населбата Железара, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истите улици. Водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација -  Скопје, ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Од ЈП Водовод и канализација -  Скопје информираат дека поради технички причини при санација на дефектот со прекинато водоснабдување ќе останат и улиците „Коце Металец“, „Душан Ташковиќ“ и дел од „Филип Филиповиќ“ . Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување со санација на дефектот. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан